Правила и услови за користење


Општи одредби

Оваа интернет страница (www.cvetnaporaka.mk) е во сопственост на ЗЕАЛ ДООЕЛ Скопје и е наменета за пребарување и/или купување на производи и услуги.

Користењето на нашата страница и услуги на веб продажба на ЗЕАЛ ДООЕЛ, значи дека сте запознaени со нашите Правила и услови на користење и дека во целост ги прифаќате истите. Доколку пак нашите Правила и услови за користење се неприфатливи за Вас, тогаш не ја користете оваа веб страница, како и производите и услугите понудени на истата.

Со самото купување преку нашата интернет страна, потребно е да се согласите со правилата и условите наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на сајтот.

ЗЕАЛ ДООЕЛ Скопје не презема никаква одговорност доколку корисникот не ги прочитал овие Правила и услови за користење и не ги применува истите.

Правила и услови за купување

Цените на сите производи на www.cvetnaporaka.mk се изразени во денари. Плаќањето може да се изврши со кредитна картичка и плаќање во готово при испорака.

ЗЕАЛ ДООЕЛ Скопје го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

За купување на производи преку www.cvetnaporaka.mk важат редовните малопродажни цени. Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на ЗЕАЛ ДООЕЛ Скопје.

Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт и адреса за испорака.

По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, ЗЕАЛ ДООЕЛ Скопје има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување со враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

Политика на испорака на производите

Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Македонија. Вашата нарачка може да ја направите во секој момент, а испораката се спроведува од вторник до сабота. Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката.

Можете да ги изненадите и Вашите блиски и да побарате достава на нивна адреса, при тоа наведувајќи ја нивната адреса како адреса за испорака.

Испораката на територија на град Скопје е бесплатна, додека за територија надвор од град Скопје цената на испораката изнесува 150 денари. Во случај на бесплатна испорака трошокот е обврска на ЗЕАЛ ДООЕЛ во првиот обид за достава. Доколку нарачката биде вратена од службата за испорака поради неуспешен обид за контактирање на купувачот, а купувачот сака да ја добие истата, трошокот за испорака е на товар на купувачот.

Предвидено време за испорака е 48 часа од моментот на потврдa на нарачката. ЗЕАЛ ДООЕЛ Скопје го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот.

Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката. Испораката се врши преку нашата служба за испорака или преку надворешни соработници. Испорака не се врши во недела, понеделник и на празници.

Доколку нарачката е направена по 17 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден.

Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Доколку производот е испорачан оштетен, купувачот треба да нѐ информира веднаш, како би преземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.

Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, ЗЕАЛ ДООЕЛ Скопје не може да преземе никаква одговорност.

Прием на производи

Производот/ите се доставуваат до влезната врата на куќата односно до влезот на станбена зграда.Евентуалниот приговор треба да биде упатен на телефонскиот број за поддршка на корисници и кај лицето кое ја врши испораката, во спротивно сите подоцнежни рекламации во однос на оштетувања на производот/ите нема да бидат прифатени.

Политика за враќање на производи и рефундирање на средства

Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот или трето лице во чија корист е извршена и испорачана нарачка од ЗЕАЛ ДООЕЛ Скопје има право да ги врати производите најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот, под услов истите да се неискористени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од ЗЕАЛ ДООЕЛ Скопје со приложување на фискалната сметка или фактура-испратница кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.

Трошоците за враќање на производите се товар на купувачот или третото лице во чија корист е извршена и испорачана нарачката од ЗЕАЛ ДООЕЛ Скопје, освен ако се утврдило дека производот е доставен несоодветен или неисправен од страна на ЗЕАЛ ДООЕЛ Скопје. Во случај на враќање на производите и доставување барање за поврат на средства од страна на купувачот, средствата ќе бидат вратени на банкарска сметка на купувачот во рок од 14 дена од денот на прием на вратените производи во ЗЕАЛ ДООЕЛ Скопје.

Политики за користење на системот за електронска трговија

Со самиот пристап на интернет страницата www.cvetnaporaka.mk, а и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија. ЗЕАЛ ДООЕЛ го задржува правото за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

Поддршка на корисници

За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на телефонот 077/441515 кој е достапен во периодот од 08:00 часот до 16:00 часот или да нѐ комуницирате 24/7 преку нашиот e-mail: contact@cvetnaporaka.mk