Оваа Политика за приватност го уредува начинот на кој Контролорот ЗЕАЛ ДООЕЛ Скопје ги собира, користи и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци при посета на интернет страницата www.cvetnaporaka.mk и/или користење на услугата за веб продажба. Со пристапот на интернет страницата се согласувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.

Категории на лични податоци кои ги обработуваме

При посетата на интернет страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при користење на услугата за on-line купување (нарачување на производот и плаќање на истиот). При потврдување на Вашата нарачка давате согласност за обработка на Вашите лични податоци за целите за кои ги доставувате.

При користење на услугата on-line купување, ги обработуваме следните Ваши лични податоци:

  • име и презиме
  • телефонски број
  • е-пошта
  • адреса

При користење на услугата Рефундирање на средства, ги обработуваме следните Ваши лични податоци:

  • име и презиме
  • информации за Вашата трансакциска сметка

Дополнително, нашата интернет страна користи алатка „Колачиња“ со која врши собирање на податоци како што се: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користите при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата кои се различни за секој корисник. Собирањето и обработката на овие податоци се врши со Ваша согласност и прифаќање на нашата алатка за „Колачиња“.

Начин на собирање на личните податоци

Податоците при користење на услугата за on-line купување се собираат директно од Вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња).

Цели за кои се собираат и обработуваат Вашите податоци

ЗЕАЛ ДООЕЛ ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:

• овозможување на on-line користење на нашите услуги и производи;

• администрирање на содржината, промоции и други функционалности на страната со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме;

• за реализација на on-line нарачките достапни на интернет страницата www.cvetnaporaka.mk (навремена и точна испорака, наплата на цената за продадените артикли)

• за рефундирање на средства;

Начин на обработка на Вашите лични податоци и рокови на чување на Вашите податоци

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на Контролорот којшто има пристап до истите и кој е авторизиран и овластен да извршува анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.

Обработката на Вашите лични податоци ја вршиме согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

Дополнително, применуваме сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна.

Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои ЗЕАЛ ДООЕЛ има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон.

Личните податоци при користење на услугата on-line купување, ЗЕАЛ ДООЕЛ има законска обврски да ги чува сите документи и записи со Вашите лични податоци а кои се однесуваат на реализирани продажби и плаќања, во рок од 2 (две) години или подолг законски рок (доколку е пропишан со закон) кој е задолжителен за чување на сметководствена документација и исправи кои се однесуваат на платен промет согласно Законот за архивско работење.

Политика за користење колачиња (cookies)

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“.  Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies) се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

Политика за обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг

Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија за нашите производи и услуги или за нашите поврзани услуги, вклучително и нашите објавувања на најновите производи и на претстојни настани. Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, SMS, телефонски или целни интернет-реклами. Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме за Вас.

Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата.

Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг. Може да одбиете да примате електронски вести и други маркетинг соопштенија, доколку ги следите упатствата за одбивање содржини во електронските пораки.

Исто така, Вашите права може да ги остварите на едноставен начин со контакт на:

Е-маил адреса: [email protected]

Контакт телефон: +389 77 441515

Вашите права како субјекти на лични податоци

Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:

• да се информирате од ЗЕАЛ ДООЕЛ околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени;

• да побарате од ЗЕАЛ ДООЕЛ да ги дополни, измени и/или ажурира ако Вашите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање, така што ЗЕАЛ ДООЕЛ треба да постапи по истото во рок од 15 дена и да изврши исправка на личните податоци;

• да побарате од ЗЕАЛ ДООЕЛ да ја ограничи обработката на личните податоци со соодветно означување кои лични податоци ќе се чуваат;

• да побарате од ЗЕАЛ ДООЕЛ да ги избрише Вашите лични податоци, така што ЗЕАЛ ДООЕЛ има обврска да ги избрише личните податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за бришење, под услови предвидени во Законот за заштита на личните податоци;

• да поднесете барање до ЗЕАЛ ДООЕЛ со кое што ќе ја повлечете согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци;

• да поднесете приговор до ЗЕАЛ ДООЕЛ за начинот на обработката на Вашите лични податоци и

• да се одјавите/откажете од обработка и користење на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг.

За остварување на овие права, може да не контактирате на:

Е-маил адреса: [email protected]

Контакт телефон: +389 77 441515

Доколку имате приговор на начинот на обработка на Вашите податоци во ЗЕАЛ ДООЕЛ, имате право да се обратите и до:

Агенција за заштита на личните податоци, бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, Скопје

https://www.dzlp.mk/

[email protected]

Давање податоци на користење на трети лица

Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.

Пренос на лични податоци во други држави

Податоците на интернет страната на ЗЕАЛ ДООЕЛ можат да бидат откриени, пренесени, складирани, обработени или користени во Microsoft Azure Data residency Western Europe Agriport 601, 1775 TK Middenmeer, Netherlands. Преносот се врши со цел целосно функционирање на веб страната и сите нејзини функционалности.

Промена на политиката на приватност од Контролорот

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.

Датум на објава на Политика на приватност

08.10.2021 година